Тетовските гимназијалци чекаат да се реконструира старото медицинско училиште

by fokus

Тетовските гимназијалци за кои се уште не започна школската година и нивните родители го прифатија предлогот наставата да се одвива во старото медицинско училиште. Но, сега треба да чекаат додека заврши реконструкцијата на просторот.

Според општината, просторот ќе биде оспособен за две недели. Прво ќе се заврши едниот, па ќе почне обнова и на вториот објект од старото училиште. Таму по потреба би биле префрлени дел од паралелките.

Револтираните средношколци кои наставата ја следат на македонски јазик протестираат од почетокот на учебната година поради нечовечките услови во кои досега учеа.

Поврзани новости