СДСМ: Невремето не можеше да се спречи, ама жртвите можеа

by fokus

Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Гази Баба, Борче Георгиевски, денеска изјави дека одговорност за поплавите мора да има.

-Поминаа четеринасет дена од катастрофата во којашто згаснаа повеќе од 22 човечки животи и уште 6 се водат за изчезнати. Нанесена е огромна материјална штета на населението во населените места околу Скопје, Стајковци, Сингелиќ, Економија, Инџиково, Црешево, Виниче, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Невремето не можеше да се спречи но огромниот број на човечки жртви сигурно да, рече Георгиевски.

Тој додаде дека силното невреме не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите што се платени од народните пари за превенција и справување во вакви состојби.

Поврзани новости