Петгодишниот Омран – симбол за ужасот во Сирија

by fokus

Фотографијата и снимката од петгодишно момче, кое беше извлечено од рушевините по бомбардирањата во Алепо, брзо се прошири на социјалните мрежи и стана синоним за ужасот на граѓанската војна во Сирија, во која најмногу страдаат цивили.

Oмран е еден од преживеаните од населбата Катерџи. На снимката се гледа како исцрпен и збунет седи во портокалево столче во возило на брза помош, а крв и прашина целосно му го прекриваат лицето.

Спасувачките тимови и новинарите во Катерџи пристигнале кусо по нападот и започнале со извлекување на жртвите од под урнатините.

“Ги подававме преку балкони”, рече фоторепортерот Махмуд Раслан кој ја направи фотографијата за паметење. Тој вели дека подал три безживотни тела пред да го земе в раце повреденото момче.

Петгодишното момче е спасено заедно со трите негови браќа и сестри и неговите родители, од под урнатините на нивниот дом.

Поврзани новости