Кривична пријава за граѓаните кои го бранат паркот во Тафталиџе

by fokus

Директорот на АД за Стопанисување со станбен и деловен простор денеска рече дека градењето на зграда во паркот во Тафталиџе на улици Букурешка нема да биде откажно. Информираше и дека поднеле кривична пријава против непознат сторител за спречувањето на почнување на градежните работи и очекуваат во рок од една недела Обвинителство да утврди одговорност за граѓаните кои го бранеа паркот.

Жителите на улицата Букурешка денеска по петти пат го спречија уништувањето на последниот парк во Тафталиџе 1, односно не им дозволија на багерите и работниците да почнат со копање на темелите за новата зграда.

Поврзани новости