Од СДСМ денеска соопштија дека тие се во целост подготвени да ја исполнат законската обврска за доставување на материјалите од незаконското следење на комуникациите, но дека нема тоа да го напрат додека Специјално јавно обвинителство нема услови за заштита на метеријалите.
-Материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување нивна максимална заштита, нема да пристапиме кон нивно предавање, се до моментот додека не се обезбедат услови сите материјали да бидат соодветно и максимално обезбедени, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Шилегов рече дека соодветна заштита на материјалите подразбира и соодветно 24-часовно обезбедување, коешто не се знае дали е обезбедено, бидејќи се уште не е донесен Законот за јавнообвинителска служба.
-Укажуваме дека се работи за исклучително високо ниво на сензитивен и доверлив материјал со приватни разговори, а голем дел од нив веројано содржат и информации класифицирани како службена и државна тајна и нивното евентуално губење, исчезнување, крадење или појавување во јавноста, би имало несогледливи последици за целиот правен и политички процес, додаде Шилегов.