Нема веќе сведочење зад затворени врати во Анкетната комисија

by Фокус

Сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески, кое беше закажано за денеска, не се одржа, бидејќи претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов, не прифати Ставрески да сведочи зад затворени врати. Министерот Ставрески дојде во Собранието и бараше, исто како и премиерот Груевски, и тој да сведочи на седница затворена за јавноста.

Претседателот Шилегов посочи дека ја прекинал седницата, поради тоа што, како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ Комисијата ја претворило во една фарса.

-Таа постои за граѓаните да видат и да чујат кој и за што носи политичка одговорност, да ги чујат аргументите, прашањата и одговорите. Анкетната комисија не постои за власта да се крие зад затворени врати, од граѓаните, новинарите и од јавноста. ВМРО-ДПМНЕ одлучи дека ќе продолжи да бега и да се крие. Ние од опозицијата одлучивме тоа да не го дозволиме. Повеќе нема да се одржуваат седници затворени за јавноста, рече Шилегов.

Шилегов додаде дека сослушувањето на Ставрески се одложува се додека министерот не се предомисли и не дозволи присуство на медиумите за време на неговото сведочење.

Поврзани новости