ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со саботирање на Комисијата сака да го одложи изборниот пораз

by Фокус

-Петре Шилегов продолжува да прави циркуз и да нанесува срам и штета на угледот на Собранието на Република Македонија. Петре Шилегов продолжува по стапките на својот лидер. Петре Шилегов се надева дека доколку ја саботира работата на Анкетната комисија ќе излезе во пресрет на намерите на неговиот лидер за избегнување на изборите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, откако Шилегов изјави дека тој веќе нема да одржува седници затворени за јавноста.

Од владејачката партија велат дека Шилегов се надевал дека со игнорирање на Деловникот за работа на Анкетната комисија за скандалот со прислишувањето, ќе излезе во пресрет на „ намерите на неговиот лидер за избегнување на изборите“.

-Како и секогаш досега, Петре Шилегов и СДСМ нема да успеат во намерата. За само 128 дена на 24 април СДСМ ќе мора да се соочи со судот на народот. Како и сите минати 9 изборни циклуси, така и овој пат, 10-ти по ред, народот ќе биде немилосрден кон СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости