СДСМ: Не е точно дека ќе се воведе двојазичност на целата територија

by fokus 17:52
17:52

Не е точно дека ќе се воведе двојазичност на целата територија, ниту пак дека ќе се дерогира употребата и уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија и во меѓународните односи, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително, Владата предводена од СДСМ е силно посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик кој во последните години беше запоставен токму од владите на ВМРО-ДПМНЕ. Преку низа мерки како што се одблокирање на лекторскиот испит што е блокиран со години, преструктуирање на Семинарот за македонски јазик во Македонистички центар, формирање одбор за стандардизација на македонскиот јазик и отворање фонд за надградба и актуализација на клучни научни дела од областа на македонистиката, системски и сериозно ќе се влијае врз заштитата и унапредување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се вели во реакцијата на СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости