250
СДСМ преку Фејсбук статус порача дека не дава никаква поддршка за Сотир Лукровски!.
Како што велат, во целост ги демантираат шпекулациите.
„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се било каква поддршка од СДСМ за Лукровски.
СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг.
СДСМ ќе побара објаснување од Маја Мојсова за фотографијата“, велат од СДСМ.