СДСМ најавува повисоки плати за лекарите и бесплатно лекување за граѓаните

by Фокус 10:50
10:50

Новата реформска Влада на граѓаните вистински ќе се грижи за здравјето на граѓаните, кое ќе биде врвен приоритет, најавуваат од СДСМ.

„Здравствениот систем нема да се базира на тендер политики како досега, туку исклучиво на потребите на граѓаните. Никогаш повеќе да не се повторат случаите на смртност поради криминални интереси, што донесоа неисправни и несоодветни апарати и несовесни политики поради што пациенти се оперираат по ходници, бебиња и мајки умираат од недостиг на гинеколози, нема завои за рани по болниците, луѓето се лечат во руинирани здравствени установи, граѓани губат животи во расипани возила на Брзата помош“, соопштија од СДСМ.

Од таму истакнуваат дека новата Влада ќе основа нова самостојна јавна здравствена установа на итна медицинска помош, медицинскиот кадар од јавното здравство ќе добие нормални услови за работа и повисоки плати, а болничкото лекување ќе биде бесплатно и достапно за сите.

Поврзани новости