Села: Власта ме оцрнува со стари снимки за да го отежни формирањето на влада

by Фокус

Зијадин Села од Алијансата за Албанците во изјава за Телма вели дека власта и медиумите деновиве го оцрнуваат, вадејќи му стари снимки и изјави од пред изборите, дадени во жарот на изборната кампања, со цел да го отежни формирањето на новата влада.

-Јас немам проблеми со моите ставови и не се насочени кон ниеден во државата против ниедна етничка заедница. Сите тие кои имаат проблеми мислам дека треба да седнат и да си разговараат со себеси какви политички кариери имаат градено во изминатите години. Јас немам градено политичка краиера повикувајќи на „гасни комори“ за Албанците или било кој друг народ – вели Села.

Поврзани новости