СДСМ најавува измени на статутот, лидерот ќе го бираат сите членови наместо делегати

by Фокус

На 25 октомври ќе се одржи дигитален конгрес на СДСМ, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

-На овој дигитален конгрес ќе биде даден отчет за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот четиригодишен мандат, даден од граѓаните. Како современа партија која постојано се менува, ќе разговараме за измени и дополнувања на Статутот на СДСМ, за уште поголема демократизација на партијата. За зголемување на директната внатрепартиска демократија, зајакнување на положбата и учеството на жените и младите и процесите на одлучување – рече Николовски.

Тој нагласи дека етичка одговорност на сите членови на СДСМ, согласно највисоките меѓународни стандарди и практики, е нивна заложба која, како што посочи, ќе ја канализираат на соодветен начин.

-Со предлог измените првпат во историјата на Република Северна Македонија СДСМ ќе спроведе директен избор на претседател на партија. Членовите лично ќе гласаат на слободни, непосредни, фер и демократски внатрепартиски избори. Најавувам и други измени согласно меѓународните стандарди на социјалдемократијата, како што доликува на една прогресивна партија како СДСМ – порача Николовски.

Поврзани новости