СДСМ: На логото не е државното знаме, туку стилизирано сонце

by fokus

На логото за одбележување на 30 години независност не е ставено државното знаме, туку на него има стилизирано сонце, велат од владејачкиот СДСМ како одговор на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владиното идејно решение е сквернавење на знамето.

Од владејачката партија посочуваат дека државното знаме е светост и не треба да се сведува на дневни политичко-партиски преписки, ниту да се користи во логоа за прослави.

„ВМРО-ДПМНЕ требало до сега да научи дека на државното знаме има сонце со 8, а не со 12 краци. На логото за годинешниот јубилеј за кој ВМРО-ДПМНЕ денеска глуми наводна загриженост не е ставено знамето туку на него има стилизирано сонце, со видлива разлика и во типот и во бројот на краци. Логото за јубилејот ’30 години независност’ е составено од повеќе елементи. На традиционалната црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код, бројот 30 раскажуваат за нашата државност. ВМРО-ДПМНЕ како антинародна партија е и докажан непочитувач на државното знаме. Доволно е да се види секој нивен протест и заклучокот е евидентен – кај нив не се знае ниту кое знаме го веат, ниту каков став имаат за националните интереси, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости