СДСМ: Мицкоски со говор на раб на плач ги спасува криминалците од своите редови

by Фокус

Христијан Мицкоски и неговите малкумина приврзаници вечерва докажаа дека стојат цврсто на страната на неправдата и на криминалот на режимот, реагираат од СДСМ кон говорот на Мицкоски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во уште еден очаен обид да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, Мицкоски денеска на срамен начин, насилниците од 27 април кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието, ги претстават како херои. Говорот на раб на плач на губитникот Мицкоски е кукање за своите порази и грешки. Тој не може да ја оствари единствената задача која му е дадена од Будимпешта – да ги спаси криминалците во сопствените редови“, стои во реакцијата на СДСМ.

Од таму порачаа дека секој што го прекршил законот ќе одговара пред судовите и пред граѓаните.

Поврзани новости