СДСМ: Мицкоски ги промовира бугарските ставови со барањето на нов договор

by Фокус
Христијан Мицкоски и денеска ги промовира ставовите на Бугарија со барањето за нов Договор со Бугарија, што е сосема спротивен став на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси, реагираат од СДСМ.
„Може Мицкоски да бара алиби за изборните порази колку сака, може да се обидува да блокира и кочи колку сака, тој нема да успее да го закочи напредокот, нема да успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните.  Оачен е Мицкоски затоа што деструкцијата не му успева, затоа што неговите политики постојано се поразувани. Последен пример е вчерашниот обид на ВМРО-ДПМНЕ преку бојкот, преку опструкции да спречи носење на Буџетот за 2021 година во Собранието, кои не успеаја“, велат од партијата на Зоран Заев.

Поврзани новости