СДСМ: Мицкоски ги изневери граѓаните!

by Fokus

После 20 месеци локална власт на ДПМНЕ во Скопје и во 40 тина општини ширум државата се потврдува дека градоначалниците на ДПМНЕ целосно ги разочараа. Мицкоски ги изневери граѓаните и довербата, велат од СДСМ.

Од партијата со став дека „градоначалниците на ДПМНЕ не го остваруваат ветеното, немаат никаква реализација, нема проекти, нема развој. Последен пример е хаосот во главниот град Скопје“.

„Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија, нечист и нефункционален град кој се уназадува, наместо да напредува. Но не е само ѓубрето. Ниту јавниот превоз во Скопје не функционира. Ги нема ветените нови 250 еколошки автобуси, го нема ветениот бесплатен превоз, ја нема ниту фабрика за автобуси која Мицкоски ја најавувше. Истото го гледаме и низ другите општини водени од градоначалници на ДПМНЕ. Општините раководени од ДПМНЕ се дават и во долгови, поскапуваат услуги за граѓаните а лошото менаџирање ги доведе до нефункционалност јавните претпријатија на локано ниво“ велат од владејачката партија.

 

Поврзани новости