СДСМ: Мицкоски е против ЕУ

by Фокус

Христијан Мицкоски е против ЕУ, што досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните, велат од СДСМ по изјавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да има уставни измени додека Брисел не даде гаранција дека повеќе нема да има вето за Македонија.

„Ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ. Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет”, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.

 

Поврзани новости