Кацарска бара проверка на имотот на судиите

by Фокус

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, по повод актуелниот проблем со недостатокот на уставни судии, порача дека пратениците треба да го почитуваат Уставот, а тоа значи да ги изберат сите четворица судии за да биде комплетен Уставниот суд.

-Колку што имам информација, веќе заврши дискусијата за двајца судии, тоа значи дека остануваат уште две непополнети места и според мене секако дека е добро што ќе се изберат двајца судии, но сметам дека пратениците мора да смогнат сила и да го почитуваат Уставот, да го комплетираат Уставниот суд затоа што Уставот предвидува девет судии – рече Кацарска на Слободна ТВ.

На темата околу довербата во судството, Кацарска порача:

„Македонија има судии, обвинители и адвокати со коишто може да се гордее, но за жал има и такви на кои не и е местото во судството. Ако зборуваме постојано за корупција, а немаме конкретни предмети тогаш како ќе ја вратиме довербата? Не значи дека еден судија треба да биде само разрешен поради нестручно постапување, јас секогаш велам дајте да видиме кој од нас со каков имот располага, кој како се однесува и какви средби има со политичари…”.

Според неа, мора да се провери имотот на судиите.

Поврзани новости