СДСМ ја официјализираше кандидатурата на Пендаровски: „На граѓаните им треба претседател со јасна европска визија“

by Fokus

СДСМ на 27-миот Конгрес, попладнево ја официјализираше кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на конгресот рече дека Пендаровски е кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.

„Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство, сакаат европска иднина и животен стандард. Тоа го нудат прогресивните политики на СДСМ, кои не се само идеологија, туку единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет Нас ни е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, не во иднина и некогаш. На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат“, порача Ковачевски.

Со двојна победа, рече тој,  на претседателските и на парламентарните избори, СДСМ ќе има претседател на Северна Македонија и Влада со која до 2030 година државата ќе биде членка на ЕУ.

Поврзани новости