Очекувам двојна победа, кажа Пендаровски

by Fokus

Очекувам двојна победа. Имаме свои вредности и потенцијали и сме подобри од нив, порача актуелниот претседател Стево Пендаровски, откако вечерва на 27. Конгрес на СДСМ доби поддршка за нов претседателски мандат.

Пендаровски оцени дека се лажни анкетите што ги прикажува ВМРО-ДПМНЕ и оти вистинските покажуваат дека СДСМ и Пендаровски ќе ги добијат претстојните и парламентарни и претседателски избори.

– Реалните анкети, што тие не ги даваат во јавноста, се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случаен денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време се променети – рече Пендаровски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема став за стратешките прашања на државата.

– Кој е нивниот предлог за преговарачката рамка? Велат ќе ви кажеме кога ќе дојдеме на власт. Со таков пристап не можете и не смеете да бидете претседател на месна заедница. Тоа се луѓе кои не се извинија за најголемиот срам во историјата на Македонија – 27 април – рече Пендаровски.

Поврзани новости