СДСМ: Иванов, доцна е да се правдаш, за сè ќе има одговорност!

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз реагираше на традиционалното новогодишно обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов.

-Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон Специјалното јавно обвинителство, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски – реагираат од СДСМ.

Од таму додаваат дека Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад.

– Со неуставните и незаконски помилувања, тој застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за сè ќе има одговорност. Граѓаните препознаа дека овие несериозни политичари, Груевски и Иванов, ги загрозија државните и националните интереси и сакаат изолација  на Македонија за спас на криминалците. Затоа излегоа масовно на изборите и во огромно мнозинство порачаа дека сакаат нова одговорна влада, институции на граѓаните и живот – се додава во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости