СДСМ: Иницијативата на ДПМНЕ е очајнички обид да избега од одговорност

by Фокус

СДСМ испрати соопштение во кое иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ партиите да испратат писмо до Иванов да ја преиспита одлука одлуката за аболција ја оцени како очајнички обид да избега од одговорност за одлуката на претседателот. Опозициската партија побара ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер да го повикаат Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување.

-Ставот на СДСМ е јасен уште од почеток: поништување на сите одлуки за помилување донесени на 14.04.2016 и одговорност на сите за сторениот криминал. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки, се вели во соопштението и се додава дека не смее да има „недопирливи граѓани” и „обични граѓани од втор ред”.

СДСМ сметаат дека Иванов мора да си поднесе оставка од функцијата, бидејќи со неговата одлука за прекинување на сите истраги извршил државен удар.

 

Поврзани новости