Бер: Партиите да го поддржат СЈО да ги истражи злоупотребите на власта

by Фокус

Амбасадорот на САД во ОБСЕ, Даниел Бер, денеска изрази загриженост од одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги помилува тие кои се предмет на истраги, а се поврзани со скандалот со прислушувањето.

-Таквата одлука, доколку се имплементира, дополнително ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, интегритетот на судството и на другите институции, како и кредибилитетот на посветеноста на лидерите кон фундаменталните вредности на НАТО, Европската Унија и ОБСЕ. Општата амнестија која ги сопира понатамошните судски процеси, ги штити политичарите и нивните соработници од понатамошна одговорност и им ја оневозможува правдата на граѓаните на Македонија, кои јасно ја покажаа својата желба за целосна истрага и за судски постапки за криминалот кој е откриен со прислушуваните разговори. Затоа е важно сите лидери и партии да ја поддржат работата на Специјалното обвинителство, кое Собранието го постави како дел од Договорот од Пржино за да ги истражи сериозните обвиненија за злоупотребите на владата, стои во реакцијата на Бер.

Тој потсети дека во Извештајот за човековите права на Стејт департментот за 2015 година се наведува дека земјата се соочува со високо ниво на корупција и оти владата не успеала целосно да го почитува владеењето на правото.

Поврзани новости