СДСМ: Груевски и медиумските курири немаат почит ниту за Велигден

by Фокус 11:48
11:48

Медиумските курири на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните, немаат почит ниту за најголемиот христијански празник Велигден. Како и за Никола Груевски така и за „Курир“ нема ништо свето, го свекрнават празникот со невистини и ги омаловажуваат чувствата на граѓаните од православна вероисповест, се наведува во соопштението од СДСМ.

– Граѓаните знаат. Демократска Македонија, предводена од Зоран Заев, ќе го врати спокојот, мирот и единството кај сите граѓани во Република Македонија. СДСМ гради единствена, унитарна Македонија, едно општество за сите. СДСМ гради општество на рамноправни граѓани коишто ќе живеат во сигурна и праведна државата – велат од партијата.

- Advertising -
"

Од таму велат дека креаторите на државната, политичка и економска криза во Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се лажни патриоти кои освен за своето богатење 10 години не мислеле на ништо друго.

–  Криминални избори, непочитување на слободната волја на граѓаните, брутална злоупотреба на власта и невиден грабеж на парите на граѓаните. Затоа Никола Груевски се крие позади лажниот патриотизам, измислува непријатели онаму каде што ги нема, блокирајќи ги ЕУ интеграциите, рушејќи ги односите со меѓународната заедница. Стравот од соочување со одговорноста за криминалот Никола Груевски сака да го прикрие со фобични нарачки на медиумските курири за измислување прикаски за федерализации, дури и на верски празник. Никола Груевски одамна не може да ги лаже граѓаните. Има безброј примери за лажниот патриотизам на Никола Груевски на штета на граѓаните и на Република Македонија. Јавноста виде и слушна дека лажниот патриот Никола Груевски, со братучедот Сашо Мијалков и нивниот бизнис партнер Манолис од Грција, задкулисно се пазареле со уставното име на Македонија а разговарале и за идентитетските прашања. Се стана јасно 16 мај 2015 година преку Вистината за Македонија – се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости