Штајнмајер одново ја предупредува Македонија

by Фокус

Шефот на германската дипломатија Франк- Валтер Штајнмајер ја предупреди Македонија дека си го блокира патот кон ЕУ и кон НАТО. Штајнмајер вчера во Берлин се сретна со албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати. На средбата долго се разговарало и за состојбата во Македонија, објавува Дојче Веле.

„Се надевам дека во Македонија постои реалистичен поглед на нештата, дека растечката нестабилност и долготрајните конфликти многу ќе го отежнат патот кон ЕУ и НАТО“, рече Штајнмајер, запрашан да ги коментира најавите за можни санкции кон земјата и кон одредени политичари, кои неофицијално ги најавува ЕУ.

Поврзани новости