Обдукцијата заврши, се чека обвинителството да каже дали Крпач се самоубил

by Фокус 13:06
13:06

Продолжува истрагата за Коста Крпач, иако главниот дел од обдукцијата заврши вчера и резултатите од судска медицина се испратени во јавното обвинителство, се уште нема официјална потврда од таму, дали се работи за убиство или самоубиство, информираа 24Вести.

Според информациите на телевизијата,  од институтот за судска медицина, во лабораторијата се уште се прават некои основни рутински проверки, кои треба да бидат комплетирани како цел предмет.  Извори од судска медицина велат дека причината и околностите генерално се утврдени, но квалификацијата на настанот ја определува обвинителството. Инаку доцна синоќа, кривичниот суд, испрати две соопштенија, од кои во едното Коста Крпач е посочен како осомничено лице од Специјалното обвинителство, кое барало претрес во неговиот дом, а за кратко излезе и второто соопштение во кое се наведува само „лицето “ со иницијали К.К. Инаку, наспроти сите обвинувања на дел од медиумите дека Крпач сам си пресудил поради притисокот од Специјалното обвинителство, од таму испратија соопштение во кое велат дека Крпач бил сведок, а не осомничен и дека доброволно се пријавил за соработка. Според некои медиуми, Крпач бил сведок во случајот „Тврдина“.

- Advertisements -

Поврзани новости