СДСМ ги демантираше шпекулациите дека Заев ќе поднесе оставка

by fokus

Откако порталот Лајм објави дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, наводно ќе си поднел оставка од фукцијата, опозициската партија преку соопштение ги демантираше овие шпекулации.

-Само пуста желба на Никола Груевски може да биде оставка на претседателот Заев. Зоран Заев ќе биде новиот премиер на Република Македонија.Централниот одбор на СДСМ на вчерашниот состанок донесе одлука за тематски Конгрес на крајот на септември за отворање простор за широк фронт против режимот на Груевски и утврдување на приоритетите на идната демократска власт во Македонија, за што партијата вчеравечер извести преку официјално соопштение за јавност, се вели во демантот од СДСМ.

Поврзани новости