СДСМ: ДПМНЕ Струмица ја претвори во епицентар на инспекции, притисоци, закани и уцени

by Fokus

Трет ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со рециклирано ширење на стари лажни вести во јавноста, обидувајќи се да пласира потрошени и лажни случаи, притоа губејќи секаков реален колосек на политичката сцена, реагираат од владејачката СДСМ.

„Јавноста добро памети дека токму во Струмица ВМРО-ДПМНЕ ги вршеше најсилните и најниски видови на притисоци, закани и уцени пред секои избори, а за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Струмица беше претворена во епицентар на инспекции и проверки, со што, после сите контроли, инспекциите не успеваа да пронајдат ништо незаконско – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости