СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте за уставните измени и влезете во влада без ДУИ

by Fokus

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка за уставните измени, ако навистина се грижат за интересите на државата и за европската агенда, повторија во денешното соопштение до јавноста СДСМ.

Тие велат дека се исполнети сите услови што самиот Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени.

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.

Се што треба да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени, стои во соопштението.

Поврзани новости