СДСМ денеска на конгрес ќе ги објави пратеничките листи: Пендаровски во „единицата“, Заев во „четворката“

by Фокус 11:27
11:27

Опозицискиот СДСМ денеска попладне во хотелот Александар Палас ќе оддржи Конгрес на кој ќе ги објави кандидатите за пратеници на претстојните избори закажани за 11 декември. Од најголемата опозициска партија велат дека постојат иницијални предлози, но, додаваат од таму, тие може да се променат се додека не бидат потврдени од страна на партиските тела и органи.

Според неофицијални информации на Фокус, првичната одлука на партијата била заменик-претседатрелката Радмила Шеќеринска да биде носител во првата, а универзитетскиот професор Стево Пендаровски во шестата изборна единица, меѓутоа потоа дошло до промена на планот, па Пендаровски дефинитивно ќе трча во „единицата“, а Шеќеринска во „шестката“.

- Advertisements -

За шестата изборна единица како еден од најсериозните кандиадти првично се споменуваше и партискиот лидер Зоран Заев, меѓутоа тој ќе настапи во матичната четвртата струмичко-прилепска изборна област, бидејќи во спротивно, велат партиски извори, ќе се сфати дека бега од одговорност од својот изборен регион.

Што се однесува до останатите ИЕ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе биде носител во „двојката“, дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски во „тројката“, додека партискиот портпарол и пратеник Петре Шилегов во „петката“.

Инаку, добитни места на пратеничките листи треба да добијат коалициските партнери на социјалдемократите, претставниците на „помалите“ етнички заедници во рамки на коалицијара, како и припадници на албанската етничка заедница кои се дел од највисоките партиски органи на СДСМ, претставници на граѓанскиот сектор и независни интелекатуалци…

В.С.

Поврзани новости