Трајанов: СЈО има докази дека прислушувањето било по налог на Груевски!

by Фокус

Прислушувањето е вршено со одлука и наредба на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ инсталирани во Министерството за внатрешни работи, кои преку злоупотреба на системите обезбедиле информации чии корисници се државно-политичкиот врв, а најмногу претседателот на владата Никола Груевски, тврди поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на ДС Павле Трајанов во интервју за Радио Слободна Европа.

-Повеќе од сигурен сум дека за тоа Специјалното јавно обвинителство има мноштво цврсти, сигурни материјални докази за тоа кој прислушувал, по чија наредба, кој е корисник на информацијата. Опструкциите што се прават или спречување на правдата, пред сè, од страна на судот, е недозволено и затоа овој бастион, кој сега е формиран од страна на Кривичниот суд во Скопје, треба да се разбие. Затоа, јас предлагам да се промени составот на Републичкиот судски совет, да се рекомпонира овој состав, а сите судии да бидат предмет на реизбор – вели Трајанов.

Поврзани новости