СДСМ: Дали е ова порака за идни дејствија на МВР врз професори?

by fokus

Демонстрацијата на сила на МВР, овој пат врз професори на Економскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е излив на немоќ на криминалната власт, реагира СДСМ на акцијата на МВР на Економскиот факултет.

-Деградирањето на професорската професија, со употреба на прекумерна сила, е главна цел на акцијата, веројатно диригирана од криминалната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ. Дали е ова казна за непослушноста на Економскиот факултет? Дали е ова порака за некои идни дејствија на МВР врз професори и факултети од УКИМ, пред се, политички мотивирани?, прашуваат од опозициската партија.

Од СДСМ велат дека е недозволиво во институција каква што е универзитетот, специјални единици на да упаѓаат како да не станува збор за највисока образовна установа кога сакаат и да вршат спектакуларни акции за дела за кои во цивилизираниот свет се знае како се постапува.

Поврзани новости