Попоски: СДСМ ќе се врати во Владата ако гарантира дека нема да бега од избори

by fokus

Во насока на подготовка на фер, слободни и демократски избори, за ВМРО – ДПМНЕ прифатливо е СДСМ да биде повторно дел од Владата, но само ако покажат дека се сериозни во врска со одржувањето на изборите и дека тоа навистина го посакуваат реагира Никола Попоски на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Во однос на барањата кои денеска ги изнесе господинот Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ сака јасно да порача дека избори се прифатливи во секој термин, но нема да дозволиме државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше случај со 24 април и со 5 јуни – рече Попоски.

Тој порача дека меѓу гаранциите кои ќе треба да ги понуди СДСМ е потврда дека Избирачкиот список е прочистен и дека во периодот кој следи посветено ќе работат на подигнување на довербата во избирачкиот список, за кој уште еднаш нагласи дека не бил спорен за ВМРО-ДПМНЕ.

Дури откако ќе биде исполнет овој основен услов, како и останатите услови поврзани со одржувањето на изборите, односно откако СДСМ ќе констатира дека се исполнети условите за одржување на фер, слободни и демократски избори, подготвени сме да разговараме околу желбата да се биде дел од Владата – рече Попоски.

Поврзани новости