СДСМ: Чавков ќе одговара – му служел само на Груевски

by fokus

СДСМ попладнево порача дека директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР ќе одговара што не ги вршел функциите, туку му служел на Груевски.

„Митко Чавков како раководител на оперативен штаб во МВР бил достапен за Никола Груевски во моменитите на насилното крваво сценарио во Собранието, а не бил достапен за никој друг во државата! Тоа го призна лично Груевски. Тоа е уште една потврда дека Чавков, заедно со Груевски, Иванов, Велјаноски е меѓу нарачателите на организираниот обид за убиство на пратеници од страна на внесени криминалци и убијци во зградата на Собранието, како и насилството врз новинари и вработени во него.
Тоа е тешко кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, порача СДСМ.

Поврзани новости