ВИДЕО Хојт Ји: Итно е потребно да се формира нова влада

by fokus

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји по средбата на лидерите на парламентарните партии, собранискиот спикер Талат Џафери и претседателот Ѓорге Иванов, го поздрави изборот на Џафери и порача дека е многу важно да му се дозволи да ја врши својата функција и дека итно е потребно формирање нова влада.

Тој истакна дека САД се загрижени околу последните случувања кои се резултат на политичката криза која трае две и пол години, односно неформирањето влада и покрај легитимните избори од декември 2016 кои беа прифатени од политичките лидери и меѓународната заедница.

„Веруваме дека е многу важно за политичките лидери да најдат решение за политичката криза. Да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот да состави влада и владина програма. Знаеме дека има грижи околу владината програма, но за тоа треба да се дебатира и гласа во парламентот, не надвор. Единствен излез од кризата е формирање нова влада. Не гледаме причина новото парламентарно мнозиснтво да не добие шанса да формира влада“ – изјави Ји.

Брајан Ли рече дека има впечаток дека сите политички лидери се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека треба да ја преземат одговорноста за смирување на ситуацијата и за преселување на дебатата во законодавниот дом.

Тој, во името на САД, најостро го осуди инцидентот во Собранието и „кукавичкиот напад“ врз пратениците за време на изборот на новиот спикер, Талат Џафери. Повика темелно истражување на целиот случај и побара виновниците да одговараат.

„Особено сме загрижени поради насилните и кукавички напади откако парламентарното мнозинство го избра новиот парламентарен спикер. Многу е важно политичките лидери да најдат начин да ѝ стават крај на кризата во земјата.Многу е важно лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот да предложи влада и владина програма“, рече Ји.

 

Поврзани новости