СДСМ бара одговорност за труењето на децата со енергетски пијалок

by fokus 21:58
21:58

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска реагираше за случајот со труењето на тројца малолетници од енергетски пијалок. Тој порача дека недозволиво е државна институција  да не ги заштити граѓаните, туку да бара од нив сами да се штитат.

-Агенцијата за храна и ветеринарство со леснотија го прогласи пијалокот за безалкохолен и ја префрли вината на лицата што го конзумирале без да спроведе лабораториски тестирања на истиот, а за добиените резултати ја информираат јавноста – изјави Николовски.

- Advertisements -

Тој обвини дека АХВ нема донесено правен акт којшто треба да ја регулира оваа област и да обезбеди правна рамка.

На ова реагираа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

 -Очигледно е дека е потполно неук по прашањата кои се однесуваат на безбедноста на храната и пијалoците. АХВ повторно и одговорно тврди дека пијалоците се безбедни, лабораториски испитани и соодветно означени согласно македонските и европските прописи – се вели во соопштението на агенцијата.

 

Поврзани новости