ОЈО: Тужбата за Жерновски нема врска со дивоградбата на Панчевски

by fokus

Основното јавно обвинителство реагираше на соопштението на Општина Центар, од каде обвинија дека кривичната пријава за градоначалникот Андреј Жерновски е одмазда на решението за уривање на дивоградбата на претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски.

-Јавните обвинителства, согласно законските одредби не поднесуваат кривични пријави – туку постапуваат по поднесени кривични пријави што ги доставуваат физички или правни лица.

Кривичната пријава за која се зборува во објавениот текст, во Основното јавно обвинителство – Скопје ја има поднесено правно лице против градоначалникот на општина Центар на 26 октомври 2016 година. Кривичната пријава се однесува на постапувањата на општина Центар по барање за утврдување на правен статус за бесправно изграден објект, која што нема допирни точки со друг случај што е експлоатиран во изминатите денови.

Во насока на утврдување на наводите од кривичната пријава, Основното јавно обвинителство – Скопје ги повика пријавителот и пријавениот да дадат изјава. Побарано е и доставување на материјали за проверка на наводите од Кривичната пријава – стои во соопштението на обвинителството.

Поврзани новости