(ВИДЕО) Чавков главен актер во акционо видео на Тигрите

by fokus

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на својот Фејсбук профил објави видео од вежба на Специјалната единица за посебни задачи – „Тигри”.

Во видеото главен актер е Чавков, од почетокот кога пристигнува на полигонот, до последното обраќање до припадниците на специјалната единица. Самите кадри и музиката во позадина пак, му даваат на видео записот драматичен акцент.

Инаку, во него е прикажана тактичко показна вежба на Единицата за специјални задачи за уништување на терористичка група од повеќе лица со употреба на снајперски оган, РПГ и оклопни возила „Хермелин“.

Видео записот може да го погледнете тука. 

Поврзани новости