СДСМ: 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ на четиригодишнината од упадот во Собранието.

-Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ, упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија. Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ обвинуваат дека наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот и насилството, стои во одбрана на осудените насилници за „крвавиот четврток“.

-Тоа покажува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е истата ВМРО-ДПМНЕ предводена Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните. Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимско насилничката матрица на Груевски, додаваат од СДСМ.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори, велат од владејачката партија.

 

Поврзани новости