417
Здравко Савески од Левица во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека народот бара од владата на СДСМ да види нешто различно, а не исто што и од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Но, тие си продолжуваат со практиките на претходната влада. Иако законот дозволува патување со бизнис класа, каде е тука моралот? Како може функционер од земја со толкава сиромаштија да патува со бизнис класа? Она што на претходната влада и го дозволивме е преголем грејс период на критика. Сега граѓаните имаат поголема критичка свест. Новата власт реагира на критиките, бидејќи не е дојдена до степенот на Никола Груевски. И токму со ваквите критики треба тоа да го спречиме, рече Савески.