Сашо Стефановски нов директор на Фондот за здравство

by Фокус

Сашо Стефаноски е нов директор на Фондот за здравство, откако за оваа функција конкурираа повеќе од 30 кандидати. Тој на оваа функција е назначен на вчерашната владина седница.

„Фокус“ неколку пати досега пишуваше за експресното напредување на Стефановски. Дека кариерата оди по нагорна линија, ако си член и активист на некоја партија се покажа и во неговата политичка кариера. Тој е стоматолог по професија, а својата политичка кариера ја почна како претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Подоцна во 2010 година, како што пишуваа медиумите, по партиска линија беше вработен на Стоматолошката клиника.

По некое време, Стефановски стана државен секретар на Локална самоуправа, а сега последната година ја имаше истата функција само во Министерството за одбрана

Поврзани новости