598
Претседателот Ѓорге Иванов од утре ќе престојува во дводневна посета на Албанија, при што ќе ги посети и Македонците кои живеат во Пустец и ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.
Во дводневната посета на Албанија, Иванов ќе оствари средби со неговиот албански колега Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието, Илир Мета. Македонскиот претседател, исто така, ќе се сретне и со градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша.