Сашо Мијалков не оди во притвор, останува само без пасош

by Fokus

Сашо Мијалков, првообвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, останува само без својот пасош. За него СЈО бараше притвор, но притвор добија само вработените во МВР кои се обвинети за негови соработници.

Мијалков вчера на јавната седница истакна дека тој секогаш се јавувал на повиците на обвинителите од СЈО, истакнувајќи дека разговарал со обвинителката Катица Јанева.

– Секогаш одговарав на нивните повици. На повик на Катица Јанева во два наврата менував карти и се враќав предвреме од странство. Јас сум убеден во мојата невиност и секогаш ќе бидам достапен. Давам збор под кривична и материјална одговорност дека ќе бидам достапен за судот – рече Мијалков.

 

Поврзани новости