Сара Џесика Паркер воодушевена од „Медена земја“: Филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

by fokus

Познатата актерка Сара Џесика Паркер денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија од македонскиот документарен филм „Медена земја“ и истакна дека е воодушевена од филмот.

-„Медена земја“ е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“. Има причина зошто овој филм ги освојува сите награди и признанија. Им честитам на авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и фала ви што ни дозволивте да патуваме со вас во малото место во Република Македонија. Вас двајца јас ќе ве следам секаде, напиша Сара Џесика Паркер.

Холивудската актерка филмот го погледнала во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

Поврзани новости