Санкционирани 206 возачи во Скопје, 77 за неносење заштитна маска

by Fokus 10:09
10:09

Полицијата во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрекла вкупно 206 мерки, од кои 77 за неносење заштитна маска.

– Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 мерки за непрописно паркирани возила и 77 санкции за неносење заштитна маска, информираат од МВР.

- Advertisements -

Од МВР посочуваат дека продолжуваат засилените сообраќајни контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости