Санчез од Тирана: Западен Балкан ќе ја зајакне ЕУ

by Фокус

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој денеска престојуваше во Тирана, во однос на пристапување на Албанија кон евроинтеграциите рече дека не поставуваат рокови, но изразуваат политичка поддршка.

– Оптимист сум за иднината на ЕУ. Нам ни е јасно кои се нашите задачи и тоа треба да го направиме што е можно поскоро. Оптимист сум дека со пандемијата и војната гледаме процес на забрзување на овој процес. Треба да продолжиме да го зајакнуваме нашиот внатрешен пазар. Тоа значи влез и на други земји. Затоа, на поголемата интеграција и поддршка на Западен Балкан треба да се гледа со оптимизам. Тоа се двете задачи што ги имаме,  изјави Санчез на заедничката прес-конференција со Еди Рама.

Според него, Унијата не е клуб на земји, туку заедница на вредности и принципи. Како што истакна тој, интеграцијата на Западен Балкан ќе ја зајакне Европската Унија.

Поврзани новости