Сања Лукаревска пак ќе биде директорка на УЈП- нови именувања во институциите

by fokus

Со одлука на Владата Фарук Омери денеска е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, а со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи. Лукаревска денеска поднесе оставка од пратеничката функција, а пред изборите неколку години беше на чело на УЈП.

На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.

На оваа седница Владата го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Поврзани новости