Изгласана потребата за носење на измените на Законот за кој апелираше Филипче, предлогот за специјална комисија извиси

by fokus

Пратениците на денешната седница со 60 гласа „за” и 32 „воздржани” попладнево ја изгласаа потребата од донесување на измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Сега по скратена постапка овие предложени законски измени ќе одат на матичната комисија за здравство и во законодавно-правната комисија, па потоа се враќа на пленарна седница. Измените предвидуваат лекување на пациенти болни од Ковид и во приватните болници и засилени инспекциски контроли.

Предлог законот на опозицијата овие измени да се дополнат со нивното барање за формирање на специјална комисија која ќе се справува со ковид кризата не се најде на дневен ред бидејќи собраниските служби немале време да го преведат на албански јазик, како што постојано барале опозициските партии на Албанците.

-Претпоставувам дека преводот ќе биде готов до 29 октомври и со предлогот за ребалансот на буџетот да биде дел од дневниот ред, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски револтиран од ова на спикерот му порача дека од вчера до денеска пратениците Албанци ќе го преведеле Законот.

Поврзани новости