Салмонела нема ниту во храната во училишните кујни, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува

by Fokus

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот магацин на операторот со храна “Ванила Фуд” кој се наоѓа во ОУ “Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите куjни во основните училишта каде се приготвува храна.

„Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата Салмонела. Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите се уште не се добиени, бидејќи при надзорот, не е затекната подготвена храна. Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на Салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“ велат од АХВ.

Поврзани новости