Поранешниот пратеник Сафет Бишевац во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека сега нашето општество се бори со груевизмот, односно со таквиот начин на владеење воспоставен од претходната власт.
-Непотпишувањето на закон изгласан по втор пат е кривично дело и за тоа Иванов ќе одговара. Денес или утре, тој ќе одговара. Но, и објавувањето на законот во Службен весник без почитување на она што го предвидува Уставот и законите не смее да се случи. Кога ќе се смени претеседалот на избори, може другиот претседател да го потпише законот. Иванов е тотално небитна политичка фигура. Обидот за амнестирање на најголемите криминалци од Иванов е кривично дело, тоа беше обид за спасување на фамилијата, не само на Груевски. Нашето општество сега се бори со груевизмот. Веќе и владејачката структура покажува некои елементи на владеењето на Никола Груевски, вели Бишевац.